Македонија 27. октомври 2020. / 10:55

Мицкоски: Хронично болните да се ослободат од работа поради загаденоста

Мицкоски: Хронично болните да се ослободат од работа поради загаденоста

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од ковид-19, апелирам до Владата, министерот за здравство Филипче и до политичката комисија за заразни болести, хронично болните да се ослободат од работа, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Посебно тие со белодробни заболувања да се ослободат од работа. Бројот на починати на дневна основа кажува колку е алармантна состојбата, а околу 80% по тврдењата на самите институции од починатите имале хронична болест. Починатите не се само бројка, тоа се луѓе, судбини, семејства завиени во црно. Да спасиме живот, ја имаме таа можност“, наведува Мицкоски.

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од #COVID апелирам до Владата, министерот за здравство…

Posted by Hristijan Mickoski on Tuesday, October 27, 2020