Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не сакаше да го коментира отвреното писмо на Кумановската група одговорна за терористичкиот напад во Диво Насеље на 9 мај 2015 година. Тој ги нарече кукавици потписниците кои порачаа дека ќе ги гонат „макар до крајот на светот Никола Груевски, Сашо Мијалков и Али Ахмети“, како и дека имаат листа од 13 имиња на кои ќе им се одзмаздат.
-Грозоморно и монструозно е да се коментираат едни такви изјави од луѓе што се соочуваат со затворска казна како резултат за она што го сторија во Диво Насеље. Кукавици по фејсбук се закануваат на луѓе, политичари и граѓани, а при тоа се обидуваат да му слугуваат на владетелот за да добијат што е можно помала казна. Ако сториле нешто, има да одговараат за тоа – рече Мицкоски.