Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во 19 часот ќе гостува на телевизија „Сител“, каде што ќе зборува за епидемијата на корона вирусот и мерките што треба да се преземат за таа да биде ставена под контрола.
Во 19 часот ќе имам интервју за дневникот на ТВ Сител. Ќе разговараме за Корона вирусот, предизвиците, мерките и начинот на справување – најави Мицкоски на социјалните мрежи.