Гоце Делчев беше човек што обединуваше, којшто имаше визија, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и повика на утрешниот протест затоа што Гоце Делчев беше и ќе остане Македонецот врз основа на кој ние ќе се сеќаваме на минатото, врз основа на тоа минато ќе ја градиме иднината.
Ќе го продолжиме неговото дело да обединуваме, а не да разединуваме. Ние се гордееме и сме горди Македонци што сме имале таков јунак во нашата историја, а врз основа на таа историја ќе ја градиме иднината.Гоце Делчев е столбот на современата македонска држава, Гоце Делчев е Македонија, Гоце Делчев не треба да биде предмет на никакви преговори и разговори, наведе Мицкоски.