Ги охрабруваме ревозорите детално да ги проверат сметките на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори и редовната за работењето на партијата. Доколу утврдат било какви пропусти или незаконско работење, подготвени сме да ги сносиме последиците, но доколку се покаже дека е се во ред, како што беше случајот и со минихидроцентралите, тогаш очекувам барем јавно извинување, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната средба со новинарите.
Тој беше запрашан дали е точно дека во партиските простории е влезена државната ревизија, заради наводен долг од 400.000 евра направен за време на претседателските избори.