Македонија 07. декември 2020. / 18:41

Мицкоски: Ги нема инвестициите што ги најави Заев, затоа има трговија со идентитетот и економско цунами

Мицкоски: Ги нема инвестициите што ги најави Заев, затоа има трговија со идентитетот и економско цунами

Ги нема Facebook и Google, но ги нема ниту оние 5 инвестиции кои ги најави Зоран Заев на нашето последно соочување во МТВ, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на „Фејсбук“

Тој додаде дека затоа пак има трговија со идентитетот и економско цунами.

Денес влеговме во рецесија со пад на бруто домашниот производ од 5.77% во првите 9 месеци. Ниту можат, ниту знаат! Oставки поради предавство и неспособност, а потоа следи одговорност!, напиша  Мицкоски.

Ги нема Facebook и Google, но ги нема ниту оние 5 инвестиции кои ги најави Зоран Заев на нашето последно соочување во…

Posted by Hristijan Mickoski on Monday, December 7, 2020