Македонија 14. март 2021. / 20:09

Мицкоски: Едното е вест од пред 6 месеци, второто е прес на СДС од денес. Лажеа и крадеа тогаш, лажат и крадат и сега

Мицкоски: Едното е вест од пред 6 месеци, второто е прес на СДС од денес. Лажеа и крадеа тогаш, лажат и крадат и сега

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, реагира на обидите на СДСМ со измислени афери да го вмешува во некакво непочитување на мерките за борба против епидемијата на корона вирусот.

Како пример за валканата кампања на СДСМ против него ја посочи прес-конференцијата на СДСМ во која зборуваат дека тој одел во фитнес центри иако обвинителството и Судот потврдија дека целиот случај бил измислица и лага.

Првото е вест од пред 6 месеци каде се потврдува дека и ова „Рускоска“ обвинителство не можеше да најде вина и потврди дека предметот „Теретана“ е целосно измислен.

Второто е прес конференција на СДС од денес каде лажно ме обвинуваат за овој случај кој обвинителството го затвори и потврди дека е измислица.

Поентата е дека лажеа и крадеа тогаш, лажат и крадат и сега. Доаѓа вашиот крај, доаѓа одговорноста и за вакцините, и за софтверите, и за рекетот, и за срамот и предавствата.

Едно по едно. Да тежи, и да се знае, и никој повеќе во политиката да не му падне на памет да биде како вас! – коментира Мицкоски.

 

Првото е вест од пред 6 месеци каде се потврдува дека и ова “Рускоска” обвинителство не можеше да најде вина и потврди…

Posted by Hristijan Mickoski on Sunday, March 14, 2021