Македонија 29. март 2020. / 19:58

Мицкоски: Eдинствениот кој што е на терен во оваа вонредна состојба е Чулев

Мицкоски: Eдинствениот кој што е на терен во оваа вонредна состојба е Чулев

Капата доле за сите јунаци кои што голораки се справуваат со пандемијата, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во интервју за Телевизија 24.

Тој потенцира дека пред се мисли на медицинскиот персонал, на докторите кои што во првите борбени редови се справуваат со пандемијата.

Исто така секоја чест до сите оние полицајци, војници кои што се трудат сите оние задачи кои што им се поставени и голораки да се справат и да ги исполнат беспрекорно, истакна Мицкоски.

Во врска со справување со коронавирусот тој посочи дека не може да се помири со политичките профитери кои што се во првата борбена линија и се обидуваат да спечалат по некој политички поен беседејќи на прес конференција.

Единствен кој што е на терен и кој што е во првите борбени линии заедно со овие луѓе е министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев. Него ќе го видите и на улиците во Скопје да провери дали ограничувањето на движењето се исполнува соодветно на она кое што е поставено како задача, ќе го видите и на влезот во Дебар заедно со полицајците кои што го обезбедуваат градот, ќе го видите и на граничниот премин Табановце и на Блаце и буквално ќе го видите везден како се обидува да го спроведе ова со оние лимитирани човечки ресурси, опструиран од внатре само за да биде неуспешен.