Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција повика да се направат законски измени, со кои ќе се забрани секое лице кое ќе добие амнестија, да се занимава со политика или да врши јавна дејност во државата.
Тој побара и да се отвори дебата, да се консултира правната фела и да се донесат решенија во насока на забрана на аболиција на лица кои се занимавале со политика, бидејќи уште во 2008-та година и случајот „Глобал“ се покажал дека „правдата кај нас се изигрува преку несовесно давање на амнестија“.
Мицкоски испрати две барања…
– Прво барање, да се направат законски измени со кој ќе се забрани секое лице кое ќе добие амнестија, да се занимава со политика или да врши јавна дејност во државата.
– Второ, да се отвори дебата, да се консултира правната фела и да се донесат решенија во насока на забрана на аболиција на лица кои се занимавале со политика, бидејќи уште во 2008-та година и случајот „Глобал“ се покажа дека правдата кај нас се изигрува преку несовесно давање на амнестија, порача Мицкоски.
Мицкоски очекува ова да биде прифатено и од страна на СДСМ и Заев и како што рече, наместо со замки и удбашки методи да прифатат принципи и вредности.