Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со францускиот амбасадор Кристиан Тимоние, на која зборувале за актуелната политичка состојба во државата како и за тоа кои се приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија.
Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека Мицкоски посочил оти поради пандемијата предизивикана од КОВИД 19 државата е во тешка економска и здравствена состојба, а старо-новата влада не превзема никакви конкретни мерки со ел да им се помогне на граѓаните како и на бизнис секторот.
Во државата криминалот и корупцијата се на високо ниво и правдата е селективна, односно се суди само на луѓе од опозицијата. Власта дели тендери на лица блиски до нив и за тоа никој не одговара, додека народот од ден во ден се повеќе се осиромашува. ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија има јасни и конкретни политики кои ќе ја усмерат Република Македонија на вистинскиот пат, како и ќе имаат влијание на патот кон Европската унија, истакна Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му се заблагодарил на францускиот амбасадор за средбата и изразил надеж дека таквите средби ќе продолжат и понатаму во иднина кои ќе придонесат за доброто на целата држава.
Од ВМРО-ДПМНЕ информираа дека искажале благодарност за залагањето на Тимоние, неговото вистинско пријателство кон македонската држава и за сета помош која ја доби државата од неговото делување