Македонија 03. мај 2019. / 10:58

Мицкоски до разочараните: Гласот против оваа власт е решението кое ќе донесе промени

Мицкоски до разочараните: Гласот против оваа власт е решението кое ќе донесе промени

Во своето видео обраќање престедателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се обрати и до сите разочарани, порачувајќи дека тоа чувство е оправдано по изневерените очекувања.

Сакам да се обратам на разочараните, потиштените и обесхрабрените, тоа е чувство кое е оправдано по изневерените очекувања. Жицата која ја скина, името, идентитетот, уништениот стандард, измамата дека ќе ја донесат Европа, како и дека ние сме блескале во светот, 500 евра плата, 500 километри автопатишта, чистиот воздух, вашиот глас е решението за сите овие проблеми, излезете и гласајте, рече во своето обраќање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.