Македонија 14. јуни 2020. / 15:11

Мицкоски до Пендаровски: Остави ги овие губитници кои те притискаат – Продолжи ја вонредната состојба!

Мицкоски до Пендаровски: Остави ги овие губитници кои те притискаат – Продолжи ја вонредната состојба!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес конференција јавно го повика претседателот Стево Пендаровски да не подлегнува на политичките притисоци од Зоран Заев и СДСМ и да донесе одлука да ја продолжи вонредната состојба.

Според Мицкоски, таквата одлука на Пендаровски ќе овозможи државата подобро да се посвети на борбата со ширењето на епидемијата на корона вирусот, но истовремено ќе даде шанса да се изработат протоколи за избори.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека еден ден откако во земјата ќе стигне Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР може да почне кампањата..

Имаш време денес до крајот на денот да ја продолжиш вонредната состојба. За зошто да ја продолжи вонредната состојба? Затоа што ВМРО-ДПМНЕ има два услови, а тоа е најпрви да изработиме протоколи со коишто ќе го заштитиме здравјето на граѓаните. Знам дека и тебе ти е тоа приоритет. Од ова кратко време колку што имав можност да те запознаам г. Стево Пендаровски знам дека и тебе ти е тоа приоритет – да изработиме протоколи со коишто ќе го заштитиме здравјето на граѓаните и втората работа, да имаме фер и демократски инклузивни избори во оваа држава Што значи тоа? Тоа значи дека првиот ден кога мисијата набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР ќе бидат во Македонија веднаш по одржаната нивна прес-конференција следниот ден нека биде првиот ден од нашата кампања и од тој прв ден да го утврдиме датумот кога ќе бидат одржани овие избори. Според сегашната ситуација она кое што ние како ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ го антиципираме првата возможна дата е средината на месец јули – рече Мицковски.

Тој упати порака и до раководство на СДСМ и Зоран Заев да не прават притисоци ниту во ДИК, ниту кај граѓаните.

Ќе ве победиме кога и да се случат тие избори, ќе ве победиме. Одважете се уште од сега и престанете да го втурнувате народот во една ситуацијата во која што наместо да нудиме проекти ќе ги броиме бројот на новозаразените и луѓето коишто за жал ќе го загубат животот. А, јас, ви ветувам дека после дебаклот којшто ќе ви се случи кога и да се одржат тие избори ќе имате право на невиност, на пресумпција на невиност, но одговорноста нема да ви бега – порача Мицкоски.