Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот протест упати порака и до Бугарија.
Убеден сум дека и вам не ви се потребни асимилирани и понижени соседи, без оглед што државава ја има таа несреќа премиер после украдени талибански, мафијашки избори да биде Зоран Заев, рече Мицкоски.
Додаде дека Заев лесно го прифаќаа ова и ветува се.
Но и вие знаете дека едно се ветувањата од него, а сосема друго реализацијата на тие ветувања што му е најслабата страна. Со мафијашка структура не може да се договорите и да мислите дека ќе одите напред, туку само ќе се продлабочуваат проблемите, потенцира Мицкоски.