Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на Алфа телевизија на емисијата Отворено истакна дека не межеме да зборува за демократија и за европски вредности кога претседателот на СДСМ на деспотски начин избира претседатели на општинските ограноци.
Ако чекаме до каде ќе оди метлата, јас сум разочарам затоа што видов каков е вистинскиот карактер на претседателот на СДСМ, практично како е мал деспот без процедура, без јавен оглас, без да има интервјуа, истото како што беше за претседателскиот кандидат, во еден тотално недемократски амбиент практично како со декрет, а ние зборуваме за европски вредности,за владеење на правото, вели Мицкоски.
Тој објасни дека ако од одлуките на Централниот одбор на СДСМ зависат одлуките во Владата тогаш ние сме го погрешиле политичкиот систем, партијата од државата се одвоени барем за тоа се бореа оние шарени револуционери на чело со Заев и Шеќеринска. Мицкоски вели дека се чекаат одлуки на државата да бидат она што ќе обзнани Централниот одбор на СДСМ, тоа е уште еден минус за државата.
Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ подготвува еден европски Статут кој што ќе биде пример, еталон за како треба да функционира една партија, додека од друга страна владеачката партија си менува претседатели на општинските организации на помалку или повеќе деспотски начин. Вели дека е вчудоневиден од трпението на луѓето во структурите на СДСМ, затоа што се почести се гласините дека има големо незадоволство во нивните редови и прашање на време е колку тие луѓе ќе имаат трпение, затоа што Заев и партијата и државата ја носи во амбис.