Македонија 29. ноември 2019. / 14:48

Мицкоски – Данијелсон: ВМРО-ДПМНЕ има план како да ја стави Македонија на брза траса за членство во Унијата

Мицкоски – Данијелсон: ВМРО-ДПМНЕ има план како да ја стави Македонија на брза траса за членство во Унијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот, Александар Николоски и меѓународниот секретар Тимчо Муцунски денес остварија средба со генералниот директор на Европската комисија за соседска политика и преговори за проширување, Кристијан Даниелсон.

На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во државата, клучните предизвици со кои се соочува Македонија и престојните парламентарни избори.

Мицкоски истакна дека клучниот проблем со кој се соочува Република Македонија е криминалот и корупцијата, додавајќи дека власта не прави ништо да ги искорени овие проблеми, напротив голем број актуелни партиски и државни функционери од СДСМ се вмешани во случаи на висока корупција кои се уште немаат правна разрешница.Говорејќи за нужните реформи кои се потребни на полето на правосудстовото, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ забележа дека Владата на Заев се соочува со системски недостатоци на полето на реформите.Мицкоски потенцираше дека стратешки интерес на ВМРО-ДПМНЕ и државата е членството во Европската Унија и дека ВМРО-ДПМНЕ има план како да ја стави Македонија на брза траса за членство во Унијата.Тој пред соговорникот ги претстави и трите столба на кои ќе се базира програмата на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а тоа се правдата, дигитализацијата и македонизмот, велат од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ