Она што е загрижувачки е тоа што Заев по линијата на помал отпор и неговиот свиткан ‘рбет, наместо во позитива да ги смени околностите за Македонија, тој, дознаваме дека сменил член на историската комисија кој преговара со бугарската страна, коментира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на Фејсбук.
Оттука, нејасно е дали е тоа поради фактот што историската комисија одбива да ги прифати искривените и пред сѐ неточни тврдења на Заев, поврзани со историските факти кои се вграден дел од нашиот идентитет.
Дали Заев, со тоа што менува член на комисијата, врши директен притисок како тие во иднина да одлучуваат?, прашува Мицкоски.
Тој додава дека тие како опозиција немаат детални информации за разговорите со Бугарија, а спомена дека Заев одбиваше лидерска средба на оваа тема, па затоа деталите ги добиваат од неофицијални канали и од медиумите.
Она што е загрижувачки е тоа што Заев по линијата на помал отпор и неговиот свиткан ‘рбет, наместо во позитива да ги…
Posted by Hristijan Mickoski on Monday, January 18, 2021