Македонија 02. јануари 2020. / 15:56

Мицкоски да предложи министер согласно Уставот и да се формира техничка влада

Мицкоски да предложи министер согласно Уставот и да се формира техничка влада

Христијан Мицкоски да преземе одговорност и да предложи кандидат за министер за внатрешни работи кој ќе биде во согласност со Уставот. Ако предлогот е прифатлив, уште утре Зоран Заев ќе поднесе оставка и ќе се формира техничка влада, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Според Костадинов, во најголемата опозициска партија ништо не се променило од времето кога на нејзино чело беше Никола Груевски.

– Исто како и Груевски, и Мицкоски тврдоглаво нема доблест да ги признае сопствените грешки. Во белиот дворец им стана навика да не прифатат ништо разумно, дури и кога цела нација гледа дека со нивнот предлог го кршат уставот – изјави портпаролот на СДСМ.