Македонија 28. октомври 2020. / 10:31

Мицкоски: Бремените жени и хронично болните да се ослободат од работа

Мицкоски: Бремените жени и хронично болните да се ослободат од работа

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ повика да се ослободат од работа бремените жени и хронично болните поради високата загаденост, како и пандемијата на Ковид-19.

-Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на #COVID, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во приватен и во државен сектор. Вчера истото предложив да се случи со хронично болните чие здравје е под ризик.
Бројот на починати и на заразени на дневна основа кажува колку е алармантна состојбата, затоа мора бремените жени да ги заштитиме од овој ризик.
Наместо политиканство на Владата, мешетарење и нарачани теми потребни се одлуки.
Да спасиме живот!, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.