Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во емисијата „Клик Плус“ говореше за актуелната состојба во Република Македонија на која посочи дека вирусот не треба да се користи како тема за политички поени, воедно и самиот тој на своите прес конференции нагласувал дека не треба да да се политизира.
-Не треба да се политизира оваа тема дека ова е натпартиска тем и претпоставувам дека ако ги следите внимателно моите прес конференции каде што ова континуирано го повторувам. Потребно е единство и заеднички да ги ставиме сите сили на располагање и да се справиме со тоа, појасни Мицкоски.
Мицкоски додаде дека на секоја прес конференција се оградува од било каква критика кон оние што се најизложени во справување со оваа пандемија вклучувајќи го и министерот за здравство.
-Така што мислам дека не треба да се предуцира нешто што не е точно. Бидејќи ниту во еден момент никој од нас не го критикувал министерот за здравство, но тоа не значи дека нема да го критикуваме доколку увидиме дека однесувањето ги преминува границите на пристојно однесување, истакна Мицкоски.