Македонија 10. декември 2020. / 12:55

Мицкоски би се вакцинирал против Ковид-19

Мицкоски би се вакцинирал против Ковид-19

Вакцината против корона вирусот веќе полека почнува да се пушта во употреба во неколку европски земји, а се очекува и на почетокот од наредната година да дојде и во Македонија.

Запрашан дали ќе се вакцинира против корона вирусот, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека би го сторил тоа.

„Јас последно се тестирав во ноември. Но, се движам со луѓе и би се вакцинирал, зошто да не“, рече Мицкоски во гостувањето во Студио 10.