Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Македонско радио истакна дека ВМРО ДПМНЕ бара реформа каде што нема да има застарување на економскиот криминал и тоа не само кај политичарите туку да се истражи како сето тоа се одвивало и во администрацијата, правосудството и така натаму.
–Ајде да воведеме реформа каде што нема да има застарување на економскиот криминал и не само кај избраните или предложените политичари, да видиме како тоа се случувало во администрацијата, како тоа се случувало и во правосудството. Да видиме какво е потеклото на имотот на сите овие луѓе кои што денеска се вработени во администрација, се судии, обвинители или адвокати, а располагаат со неколку станови куќи, викендички, вили, апартмани, возила, по неколку стопански објекти, да видиме како го стекнале тој имот, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека треба на некој начин да се ресетира општеството и да се испита колку е сериозна загриженоста за да се истераат тие процеси, но потенцираше дека ваквата намера треба да биде сериозна и дека не треба да има компромис со правото.