Македонија 28. јануари 2021. / 14:05

Мицкоски бара оставка од целата Влада по извештајот на Транспаренси Интеренешнл

Мицкоски бара оставка од целата Влада по извештајот на Транспаренси Интеренешнл

Кога ги нареков мафија, многумина ми велеа зошто толку силни зборови употребувам, го коментира на „Фејсбук“ извештајот на Транспаренси Интеренешнл, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Според Транспарентност Интeрнационал по степенот на корупција на историски најлошото 111-то место. Пад од 5 места споредено со минатата година и никогаш полошо во периодот на независна Македонија. Тие не се само мафија, на овие луѓе и мафијата може да им позавиди. Подобри од нас се: Косово, Албанија, Танзанија, Буркина Фасо, Колумбија, Брегот на Слонова Коска, Гамбија, а заедно сме со Панама и Монголија. Пад од цели 45 места за 5 години“, вели Мицкоски.

Кога ги нареков мафија, многумина ми велеа зошто толку силни зборови употребувам.

Според Транспарентност Интeрнационал…

Posted by Hristijan Mickoski on Thursday, January 28, 2021

После ваков резултат, додава тој, не е доволна оставка на министерот за правда, или министерот статист за борба против корупција, потребно е целата Влада да си замине, веднаш.

„Заедно да се избориме за нашата иднина, а после одговорност за целиот срам и криминал што го донесоа“, пишува Мицкоски.