Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски бара бесплатни тестови за коронавирус еднаш месечно да добиваат сите негувателки, учителки, наставнички во градинките и училиштата. Тој обвинува дека власта не се потрудила да го организира и соодветно да го прилагоди воспитно образовниот систем за тој да функционира во услови на Ковид.
Сѐ почесто добиваме вест дека цела група во градинка или цело одделение мора да оди во изолација поради позитивен тест на КОВИД-19.Безбедни градинки и училишта за безбедно образование, каде без застој, во континуитет ќе се одвива воспитниот и образовниот процес на децата, вели Мицкоски.