Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својата фејсбук страница им го честиташе Илинден на сите граѓани. Тој во сојата порака посочи:
Секој народ, секоја земја има свои славни моменти, исполнети со страдања, премрежја, подвизи. Македонија го има Илинден, тој светлосен пркост за слобода и своја држава, саможртва исполнета со дело и чест. Илинден е крикот на Македонецот и сите обесправени народи за човечки правдини, за слобода, но и завет да го чуваме тоа дело и пораките кои двата Илиндена ги носат. Бајракот на Македонија е извезен со крв и многу жртви и ние како генерација имаме аманет тој бајрак да го носиме, чуваме, но и да ги повикаме сите оние кои ја сакаат и почитуваат својата Татковина Република Македонија да ни се приклучат во нашата истрајност за подобар живот, напредок и држава на среќни граѓани.
Нека е честит и вековит Илинден!
Да е жива Македонија!