Македонија 23. октомври 2020. / 13:58

Мицкоски: Ако Заев се откаже од Гоце Делчев и јазикот, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поништи таквата одлука

Мицкоски: Ако Заев се откаже од Гоце Делчев и јазикот, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поништи таквата одлука

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од протестот пред Собранието порача дека недозволиво е да се прифатат предлозите на Бугарија за решавање на отворените историски прашања.

Ако биде прифатено дека Гоце Делчев во регионална смисла е македонец а по нација бугарин, нашиот јазик е лингвистичка форма на бугарскиот, тоа ќе значи асимилација на македонската нација и сериозен удар врз државата, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека ако се случи тоа идната влада раководена од ВМРО-ДПМНЕ, таквиот договор ќе го поништи и никогаш нема да го почитува.