Македонија 29. јуни 2019. / 17:42

Мицкоски: Ако Пендаровски сака средба со мене прво да се извини на Македонците за изјавата за Гоце Делчев

Мицкоски: Ако Пендаровски сака средба со мене прво да се извини на Македонците за изјавата за Гоце Делчев

Секогаш кога ќе бидам повикан на лидерска средба каде што ќе се одлучува за иднината на нашата држава, на Република Македонија, ќе присуствувам и ќе додадам вредност. Но, доколку господинот Пендаровски сака да има тет а тет средба со мене тогаш ќе треба да докаже дека е претседател на сите граѓани. И ја користам оваа прилика еве да му упатам еден апел доколку навистина искрено сака средба со лидерот на опозицијата, прво што треба да направи е да им се извини на Македонците во Република Македонија за неговата изјава за Гоце Делчев и истата да ја повлече, па дури потоа може да разговараме за наша заедничка средба, вели Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешното интервју во дневникот на Канал 5 телевизија.

Целото интервју на Мицкоски ќе биде прикажано во централните вести во 18:00 часот на Канал 5 телевизија.