Македонија 29. јануари 2021. / 20:49

Мицкоски: Ако некој ми каже дека Гоце Делчев е Бугарин, без сомнение би направил дипломатски скандал

Мицкоски: Ако некој ми каже дека Гоце Делчев е Бугарин, без сомнение би направил дипломатски скандал

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Само Интервју на Канал 5 во однос на преговорите со Република Бугарија, потенцираше дека македонската преговарачка страна, односно тимот кој преговара, не смее никако и под ниедни услови да прифати дека Гоце Делчев бил Бугарин.

– Треба сите да сме свесни дека врз името на Гоце Делчев, Груев, Питу Гули и останатите, ние всушност изградивме држава. Името и земјата се темелат врз тие постулати. Македонската страна мора да ги запази тие моменти и не е важно дали ќе имаат притисоци од внатре во државата или пак од некој друг, тоа не смеат да го дозволат, додаде Мицкоски.

Според него ако некој прифати дека Делчев е Бугарин такво нешто ќе ја срози македонската државност и ќе покаже огромна слабост пред светот.

– Доколку на мене на маса некој ми даде предлог да прифатам дека Делчев бил Бугарин, верувајте дека ќе направам дипломатски скандал од светски размери, за кој ќе се зборува долго и дури тогаш ќе се отпочнат разно разни постапки. Тоа е нешто незамисливо и сметам дека не смее да постои таков човек кој тоа би го прифатил, истакна Мицкоски.