Македонија 10. ноември 2020. / 23:07

Мицкоски: Ако МЗ и Владата се реорганизираа ќе беа спасени повеќе животи, многу почесно е да си дадат оставка

Мицкоски: Ако МЗ и Владата се реорганизираа ќе беа спасени повеќе животи, многу почесно е да си дадат оставка

По објавувањето на статистиката за последните 24 часа, каде е забележаннов рекорд од 30 починати од Ковид-19, на фејсбук се огласи лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, кој изрази сочувство до семејствата на починатите.

Според него со подобра организација и подготовка за есенскиот бран немаше да дојдат до овие поразителни бројки.

Убеден сум дека ако Министерството за здравство и Владата се реорганизираа и детално подготвеа за есенсиот ковид бран, ќе беа спасени повеќе животи. Ова што го прави или не го прави Владата не е доволно. Се губат животи.
Евидентно е дека државата и Владата не можат да одговорат на сложената пандемија. И многу почесно е да си дадат оставка, отколку нивната неспособност да се плаќа со животите на недолжните граѓани, пишува Мицкоски.

Сочувство до семејствата кои загубија свој близок поради #COVID заразата. Едноставно бројката е преголема и таа говори…

Posted by Hristijan Mickoski on Tuesday, November 10, 2020