Ако предавството (или- штетен договор) се случи и има штетен договор со кој ќе се порекне македонски јазик, идентитет, историја, или постоење на македонско малцинство тогаш наредната Влада на ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе го поништи , рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој додаде дека Заев ќе дојде ден кога ќе одговара пред историјата и законите.
Според Мицкоски, нема Mакедонец ниту било кој граѓанин што и малку ја чуствуваа оваа земја како своја што не се чуствува понижено, навредено од сите оние изјави дека народот ни бил вештачки, дека јазикот е дрво без корен, туку така измислен 45тата година, дека нашите свети борци за слобода биле бугари и што уште не.