Четири години непребол и сеќавање за хероите од МВР кои ги положија животите во Диво Насеље, напиша Мицкоски во чест на загинатите во Диво Насеље.
-Да се потсетиме на оние поради кои ја живееме слободата, и на нивната жртва за нашата Македонија. Нивното дело е поголемо од секоја злоупотреба за политички цели која ја прави денешната власт, ветувања, мистификации, и манипулации. Времето е најдобар доказ за се. Едноставно 8-те херои и оние кои тој мај учествуваа и ја одбранија слободата се вградија во незаборавот. Македонија ја сака слободата. И се бореше во својата историја секогаш за слобода и правда, напиша на Фејсбук, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.