Активистката на СДСМ Видана Бошкова Мицевска изгледа дека има толку гнев во себе, но го манифестира на погрешно место, пишува Курир.
Таа беше една од членовите и активисти на СДСМ кои беа дел од скандалозниот напад врз министерката Рашела Мизрахи со антисемитистички пораки, за кои после неколку дена се извинуваше и поранешниот премиер Зоран Заев.
Сега, оваа жена само докажа дека за неа единствени идоли се политичарите од Власта чии скандали и криминали не ги коментира, но затоа, верувале или не, сака да го нарече виртуозот Симон Трпчевски со погрдни зборови.
Нова мета на напад на активистите на СДСМ е Симон Трпчевски, поради неговите забелешки на условите во кои тој и Филхармонискиот оркестар одржуваа концерт во Штип пред нова година.
„Симон Трпчевски прекинал концерт во Штип заради лоши услови. НА КУЛТУРАТА НЕ СМЕЕЛО ДА СЕ ШТЕДИ.Симоне Симоне. Не штедеа вмро и направија МНТ за 42 милиони ЕВРА и филхармонија од 40 милиони исто ЕВРА.Следниот пат кога ќе ти се прави концерт таму некаде надвор од Центар, земи 2 автобуси и донеси ги луѓето во филхармонија. Или цела држава во МНТ. Сакав да пишам мочко, ама да не претерувам, напиша Мицевска.
Наместо ликовите како Видана да упатат критики кон локалната самоуправа и Министерството за култура поради нечовечките услови во кои најдобриот пијанист во историјата на Македонија и еден од светски најпознатите пијанисти бил приморан да свири, активистите на СДСМ започнаа серија на брутални напади кон него само затоа што си дозволил да упати критика и апел „да не се штеди во културата“.