Македонија 09. мај 2019. / 10:17

Метлата почнува од ДУИ: Дураку си заминува од екологија

Метлата почнува од ДУИ: Дураку си заминува од екологија

Министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки, е првото име од Владата кое по се изгледа ќе биде опфатено со реконструкцијата што ја најави Заев. Според неофицијални информации премиерот бил незадоволен од работата во секторот екологија и ќе бара од ДУИ смена во раководната позиција на ова Министерство.

Се уште не е познато кој би го наследил Дураки, доколку биде повлечен, но албанските медиуми пишуваат дека тој ќе остане и понатаму во Владата така што ќе го добие новоформираното Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

Ова Министерство треба да го замени Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, поради што е веќе извесно дека овој пат не му бега метлата на Хазби Лика.

Од СДСМ и ДУИ велат дека деновиве треба да се одржи првата средба меѓу премиерот и Али Ахмети, каде ќе се договорат детали околу најавената реконструкција.