Македонија 05. јануари 2020. / 21:21

Мерсиха од СДСМ со нацистичка порака: Рашела стави си давидова ѕвезда!

Мерсиха од СДСМ со нацистичка порака: Рашела стави си давидова ѕвезда!

Анти-семитистичка порака, копирана од нацистичката партија на Адолф Хитлер, испрати денеска функционерката на СДСМ Мерсиха Смаиловиќ.

Во дебата на социјалните мрежи, Смаиловиќ ја повика техничката министерка за Труд и социјална политика Рашела Мизрахи, наместо знаме на ВМРО-ДПМНЕ кога ќе има интервјуа да си става давидова ѕвезда – симбол со кој Хитлер и нацистите ги бележеле евреите пред да ги пратат во контрационите кампови на смрта.

Инаку, во интерцју за „Алфа“, дадено во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, министерката Мизрахи имаше партиски симбол, пракса позната секогаш кај сите кои даваат интервјуа во партиските штабови на своите партии.

Но, Смајловиќ повеќе би сакала министерката која е еврејка да биде бележана со давидова ѕвезда.

-Да беше давудовата ѕвезда, никому ништо. – напиша Смајловиќ, во стилот на саркастичен нацист.

Ова е класичен анти-семитистички, наци испад, ако се има предвид дека пред 78 години нацистите ги принудија Евреите во Германија да носат жолта ѕвезда. Тоа значеше исклучување од општеството и беше подготовка за Холокаустот.

Давидовата ѕвезда првобитно не значела стигматизација, ниту била исклучиво еврејски симбол. И покрај тоа, таа ѕвезда по периодот на националсоцијализмот во Германија е поврзувана со Холокаустот. Евреите по донесувањето на Нирнбершките закони за расите во 1935. биле сѐ повеќе исклучувани од општествениот живот. Тие закони прецизно регулирале кој е полнокрвен Евреин, полуевреин, еврејски мешанец од прв или втор степен или кој важи за Евреин. Мнозинството од тие луѓе подоцна морале да ја носат ѕвездата.

Инаку, спругот на активистката Мерсиха Смаиловиќ, пред неколку години од израелската армија беше уапсен на брод во обид да изврши напад над Државата Израел.

Омразата кон евреите и Израел, очигледно се семејна традиција, која сега се имплементира во власта и владејачката СДСМ која отворено промовира исламизам и анти-семитизам.