Македонија 26. јануари 2019. / 11:07

Меркел: Решавањето на спорот за името е само мала, но многу важна вест

Меркел: Решавањето на спорот за името е само мала, но многу важна вест

Германската канцеларка Ангела Меркел е задоволна поради надминувањето на спорот за името Македонија.

Ова е само мала, но многу важна вест, која има многу врска со војна и мир, како и со стабилност, изјави германската канцеларка Ангела Меркел на собир на ЦДУ во Тринвилерсхаген. Според неа, со Преспанскиот договор, патот за земјата е отворен.