Некатегоризирано 19. февруари 2020. / 16:32

Меркел нема да се меша во изборот на нејзиниот наследник

Меркел нема да се меша во изборот на нејзиниот наследник

Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека нема да се меша во изборот на нејзин наследник на чело на Христијанско демократската партија (ЦДУ), откако Анегрет Крамп-Каренбауер објави дека се повлекува од функцијата претседател на партијата.

Реков дека нема да се мешам во тоа кој ќе ја води ЦДУ во иднина или кој ќе биде кандидат за канцелар – порача Меркел.

Крамп-Каренбауер минатата недела изјави дека се повлекува од функцијата претседател на партијата и се откажува од амбицијата да стане нов канцелар на Германија.