„На овој ден пред 27 години, на 8 септември, граѓаните на Македонија масовно излегоја и гласаа за својата наезависност, самостојност и сувереност“, кажа премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел.
„Се радувам што денеска сум во посета на Скопје и тоа на толку посебен ден. На сите граѓани на вашата земја ви го честитам националниот празник, Денот на независноста, и се радувам што веќе 25 години имаме дипломатски односи“, изјави Меркел во своето обраќање и истакна дека врските помеѓу двете држави во наредниот период ќе се интензивираат.
„Ќе дадеме 2,5 милиони евра на располагање за стручно образование на младите луѓе тука во земајта. Исто така ќе испратиме советник за едкономски прашања за да може да ја координира работата на Владата и на стопанската комора, бидејќи сакаме да ја поддржиме вашата земја во понатамошниот пат кон реформите кои што се неопходни за да стане земја членка на ЕУ“, изјави канцеларката Меркел.
„Не сакам да се мешам во одлуката на вашите граѓани, но оваа шанса треба да се искористи. 30 септември е историска шанса“, истакна Меркел и повика на излез на референдумот.