Македонија

Меркел: Има значителен напредок во преговорите за името

Меркел: Има значителен напредок во преговорите за името

Германската канцеларка Ангела Меркел на завршната конференција за медиумите по завршувањето на самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија, потврди дека Македонија и Грција постигнале напредок во решавањето на името и за тоа добила потврда од двајцата премиери, Зоран Заев и Алексис Ципрас.

„Разговорите меѓу Македонија и Грција напредуваа добро и направен е значителен напредок. Прашањето за името за Македонија е важно“, изјави Меркел.