Мери Николова Буџаку, во јавноста позната како гласна активистка на СДСМ и т.н. „шарена револуција“ му се заблагодари на лидерот на ДУИ, Али Ахмети што ја ставил на кандидатската листа на партијата во Изборната единица 3.
Сопругата на поранешниот министер за транспорт и врски и македонски амбасадор во Франција, Агрон Буџаку, истакнува дека ја прифатила поканата да се најде на листата на ДУИ затоа што Ахмети искрено ја препознал нејзината способност како влијателен и истакнат активист кој сторил нешто во оваа држава.
– Ако некој ја препознава твојата способност, како влијателен и истакнат активист кој сторил нешто во оваа држава со многу примери и дела, со многу вложен труд и работа.
Ако некој ти пријде и ти каже дека вредиш и заслужуваш да бидиш во редот на најдобрите. Тогаш за мене доволни беа зборовите и взаемно пружената рака за договор да бидам на листа во ИЕ3.
Не ми ветија, не ме излажаа ништо, како што веќе еден го стори тоа.
Ако ним и треба жена борец, мени ми треба Лидер кој знае да ги цени активистите, кој има свое достоинство и збор – истакнува Николова Буџаку.