Мери Николова на својот Фејсбук профил ја искритикува министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска за нејзиниот неангажман во случај со социјално загрозена жена, која покрaј личната трагедија која ја доживеала, останала и без паричната помош од државата.
Ова е ФБ статус на Николова:
За каква правда се зборува, за онаа сокриена на удобен стол?
Секој ден на неа мислам. И нема да престанам да пишувам дека таа нема мајчински чувства и треба да
биде сменета!
Вие што ја поддржувате Царовска да си ја чувате, кога ќе осетите на своја кожа, тогаш ќе ве прашам пак дали би напишале дека се работи за туѓа амбиција? Мајка со 4 деца од кои 2 близначиња на 2 год.а мажот и на работно место му крвари градниот кош и 10 дена во кома, каде потоа умира. Жената во тие моменти требала да обнови документи. Иако уредна секогаш во тој период таа е изгубена. Од социјалното ја познаваат и знаат за случајот, а во мал град ги има неколку такви случаеви, па раководителот требало да ја потсети. А не тие пратиле по пошта и поштарот никогаш не го доставил извесувањето. Што е нај трагично отишла по неколку месеци да провери зошто нема пари на сметка и тие и одговориле дека не доставила нови документи.
Иронијата да биде поголема и рекле, бркај го поштарот тој е крив. Лично и се јавив на Министерката и вети дека ќе го расчисти случајот. И по неколку месеци од мои блиски извори добив информации дека таа воопшто се нема јавено за случајот. На жената и умираат мајка, татко, сестричка на 18 год.и сега мажот и. И ве молам не сакам да читам глупости како што сте пишале. Има уште многу причини а и вие добро ги знаете. Немам намери да ви пишувам реферати. Посебно за овој случај таа повеќе за мене не постои!
ГЛУМИЦА…