Македонија

МЕПСО: Смееме да му даваме тендери на нашиот член од надзорниот одбор

МЕПСО: Смееме да му даваме тендери на нашиот член од надзорниот одбор

Претседателот на управниот, му дал тендер на членот на надзорниот. Компанијата која ја води претседателот на надзорниот одбор на МЕПСО, кој одобрува доделување на тендери, добила тендер од МЕПСО за вклучување на интернет, покажуваат документите до кои стигна Економски Лидер, од МЕПСО објаснуваат дека тоа не е конфликт на интереси.

Во целост ги демантираме паушалните оценки објавени на некои портали дека има конфликт на интереси во врска со договорот за користење диретен интернет пристап со неограничен трансфер склучен меѓу МЕПСО и „Неотел“. Согласно законската регулатива не постои  конфликт на интереси кај Сашо Василевски, претседателот на Управниот одбор на МЕПСО ниту кај Трајче Черепналковски, членот на Надзорниот одбор на МЕПСО, наведуваат оттаму.

„Неотел“ е избран во транспарентна тендерска процедура во која критериумот бил најниска цена.

Черепналковски не е член на управувачките органи на МЕПСО туку е член на Надзорниот одбор кој ја одобрува работата на Управниот одбор. Надзорниот одбор не учествува до одлучување по тендери ниту пак се информира за тендери и други активности кои се во рамки на оперативното работење на МЕПСО.

Изнесувањето невистини има за цел дезавуирање на јавноста и е неуспешен обид за негативно влијание врз имиџот на МЕПСО. Во склучениот договор не постои конфликт на интерес.  Во тендерската документација, согласно законската регулатива,  е дефинирано што е  конфликт на интерес. Тоа значи дека носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за јавна набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор за јавна набавка, во времетраење на договорот. Исто така во во постапката за доделување договор за јавна набавка, претседателот, заменикот на претседателот, членовите и замениците на членовите на комисијата за јавна набавка, како и одговорното лице потпишуваат изјава за непостоење судир на интереси која претставува дел од досието од спроведена постапка. Во случај на судир на интереси кај претседателот, неговиот заменик, членовите и нивните заменици во комисијата за јавна набавка, истите се повлекуваат од работа на комисијата и се заменуваат со други лица. Во случај на судир на интереси кај одговорното лице, истото со посебно решение овластува друго лице од редот на функционерите или вработените кај договорниот орган да ги донесе соодветните одлуки и да го потпише договорот, пишува во соопштението на МЕПСО.

пишува: Љупчо ЗЛАТЕВ

Директорот на МЕПСО Сашо Василевски, кој во исто време е претседател на управниот одбор доделил тендер од 3,5 милиони денари (56,000 евра) на фирмата НЕОТЕЛ каде што директор е членот на надзорниот одбор на МЕПСО Трајче Черепналковски.

Се работи за конфликт на интереси од највисок размер, ако се има предвид дека компанијата доделува огромна сума на лице кое е во нејзините управувачки органи. Излегува дека Черепналковски сам на себе си одобрил тендер, затоа што работата на надзорниот одбор е токму да ги следи и одобрува ваквите активности.

Листа на лленови на управен и надзорен одбор на МЕПСО, извор: <a href=”http://mepso.com.mk/”>www.mepso.com</a>.<a href=”http://mepso.com.mk/”>mk</a>

Тендерот е за вклучување на интернет во главната зграда на МЕПСО и се работи за исклучително скапа услуга, затоа што само за една зграда компанијата ќе троши 28.000 евра годишно или нешто над 2000 евра месечно за индтернет со 1 GB брзина.

На документот се гледа дека се потпишани двајцата функционери на МЕПСО, едниот како претставник на давателот на услугата а другиот како претставник на државната компанија која е барател на услугата.

Сашо Василевски, директор и претседател на управниот одбор на МЕПСО и Трајче Черепналковски, член на надзорниот одбор на компанијата

Ваквите активности порано беа санкционирани од анти-корупциската комисија, но, затоа што по доаѓањето на власта на СДСМ оваа институција не функционира, се остава простор за вакви коруптивни зделки во кои има конфликт на интереси.

Прилози:

Договор помеѓу МЕПСО и НЕОТЕЛ вреден 3,5 милиони денари – линк