Адвокатот Тони Менкиноски во гостувањето во Радио емисијата Филибастер зборувајќи во врска најавениот попис на населението во земјава рече дека решението кое е сега во моментов е избрзано, нефункционално и не подлежи на меѓународни стандарди.
Тој се сомнева дека очигледно станува збор за политички пазар кој претходно е правен и кој треба да се испорача кон одредени партии. Смета дека истиот ќе падне и нема така лесно да пројде во Собранието.
-Ако држави како Германија и други европски држави го откажуваат и пролонгираат пописот, а од кај нас се тврди дека пописот мора да биде во април месец тоа е навистина индикатор дека позади ова не стои право, туку постои политиката, вели Менкиноски.
Напоменува дека Меѓународните стандарди се јасни во оваа област и овој закон е надвор од тие стандарди. Според Менкиноски власта сака да попишува мртви луѓе.
-Не можете да правите попис на луѓе кои ги нема во Македонија. Треба да барате мртви луѓе и тие мртви луѓе да влезат во официјалната бројка. А тоа е толку важно за нас Македонците и македонската држава бидејќи имаме многу закони кои се важни од состојбата на теренот, поготово од тоа зависат многу процеси како Рамковниот договор итн. Мислам дека ова е избрзано, како и многу други решенија на Владата и мислам дека ќе падне, нема така лесно да им помине, вели Менкиноски.
Законот за попис е врзан со европска директива, но не знаеме која? Нема!, вели Менкиноски и додава дека власта сега го лаже народот демек е по скратена постапка. Според него постојат стандарди и правила до кои мора да се придржуваме.
-Вие можете еднаш да излажете, двапати. Ако постојано лажете, значи го добивате приматот на лажго и несериозен човек. Меѓународната заедница го нотираше тоа. Овдека се попишуваат основни човекови права, така да ние треба да знаеме колку е процентот на Македонци, Албанци и сите. Така да треба да ја знаеме вистинската слика. Не можете вие да прескокнувате одредени фази во процесот и да правите што сакате и вас што ви одговара, изјави Менкиновски.
Тони Менкиноски, гостин во „Филибастер“ на Радио Лидер
Posted by Република Македонија on Monday, January 4, 2021