Македонија 14. јануари 2020. / 23:15

Мексико не успеа да го продаде претседателскиот авион во САД , па го враќа назад (ВИДЕО)

Мексико не успеа да го продаде претседателскиот авион во САД , па го враќа назад (ВИДЕО)

Мексико ќе го врати претседателскиот авион од САД затоа што владата на претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор не успеа да го продаде за 13 месеци.

Откако ја презеде функцијата на 1 декември, левичарскиот претседател нареди продажба на Боинг 787-8 и други авиони и хеликоптери што ги користеле претходните владини претставници.

„Луксузните авиони немаат никаква врска со реалноста за сиромаштијата кај нас“, рече Лопез Обрадор.

„Имаше два света: светот на обичните луѓе и светот на оние кои управуваат со земјата“, додаде претседателот, кој патува со комерцијални летови во Мексико и сè уште не бил на пат во странство.

Претседателскиот авион беше стациониран во Сан Бернардино, Калифорнија, а владата плати 1,4 милиони долари за сместување и одржување.

Мексико се обиде да го продаде на аукција по почетна цена од 130 милиони долари. На аукцијата беа претставени уште 33 државни авиони и 39 хеликоптери.

Ако никој не го купи претседателскиот авион, владата има намера да го изнајмува за луксузни летови.