Македонија 16. јуни 2020. / 21:00

Мехмети: Заев ќе доживее голем пораз; и Македонците и Албанците се разочарани од СДСМ

Мехмети: Заев ќе доживее голем пораз; и Македонците и Албанците се разочарани од СДСМ

Аналитичарот Ким Мехмети вели дека следуваат промени на македонската политичка сцена.

Мехмети, во интервју за „Телевизија 24“ вели дека ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи кај Македонците поради промената на името, додавајќи дека Заев ја изгубил довербата и кај албанските гласачи.

Според Мехмети, поради коалицијата со БЕСА, Заев и СДСМ ќе загубат наместо да добијат гласови.

Јас мислам дека во македонскиот блок ќе има промени. За мене, без дилеми кај Македонските гласачи ќе победи ВМРО-ДПМНЕ. Заев успеа да победи со албанските гласови. Да бидеме фер тој всушност и не ја победи ВМРО-ДПМНЕ, туку успеа да направи Влада со тоа што не и дозволија на ВМРО да направи Влада. Сега мислам дека СДСМ ќе стагнира и поради името, а мислам дека Заев треба да заборави дека и кај Албанците ќе добие онолку гласови колку што доби. За да гласаат Албанците за СДСМ најмногу придонесе ДУИ. Сметам дека СДСМ ќе изгуби доста албански гласови поради коалицијата со БЕСА бидејќи Албанците се заситија да даваат гласови на албанските партии коишто после ги префрлуваат кај македонска партија – вели Мехмети.