Почна испитувањето на сведоците на одбраната во случајот „Рекет“.
По денешното сведочење на адвокатот Васил Димишков следната недела ќе има нови сведоци на барање на Бојан Јовановски. Во четврток е повикан Владимир Тодоровиќ, а во петок Дејан Панделевски.
Катица Јанева како сведоци ги има повикано поголем дел од обвинителите од поранешното СЈО, но се уште не е одредено кога ќе почнат нивните сведочења.