Корона кризата покажа дека руралниот туризам е многу пожилав и дека таму има мал пад на бројот на ноќевања, вели Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во разговор за „Слободен печат“.
– Така на пример, според сознанијата што ги имам од локалните туристички работници, бројот на ноќевања во Берово во 2020 година во однос на 2019 година е намален за само 3 до 5 проценти, Маврово кое блесна во полн сјај во 2020 година, дури има и поголем број на ноќевања во однос на 2019 година, вели Јаневски.
Тој објаснува дека корона-кризата ги сменила навиките на туристите и тие се ориентирани кон патување во мали групи, мали турситички капцитети и кон еко и рурален туризам.
– 2021 година ќе покаже колу дестинациите успеале да се одржат и колку создале услови за безбеден туризам, вели Јаневски.