Македонија 28. јануари 2021. / 13:47

Матурантите ја обвинија Царовска за ширење дезинформации, најавуваат радикализација на протестите!

Матурантите ја обвинија Царовска за ширење дезинформации, најавуваат радикализација на протестите!

Претседателот на Сојузот на Средношколци Бленди Ходаи, изјави дека министерката за образование и наука Мила Царовска шири лажни вести и дезинформации, дека 78 отсто од матурантите се приклучија на бојкотот, а нивниот број само ќе расте.

Бојкотот на наставата на дел од матурантите ќе продолжи и утре, а од Средношколскиот сојуз рекоа дека нема да отстапат од веќе истакнатите барања.

Средношколците бараат да им се исполнат барањата за полагање на два наместо четири предмети на државната матура, а доколку истите не бидат исполнети, рекоа дека протестите ќе се радикализираат.

Притисоците од директорите на училиштата се уште ги има во речиси сите средни училишта, кои ги повикуваат матурантите да се вклучат на настава.

Деновиве министерката за образование Мила Царовска неколку пати повтори дека нов концепт за матурата е можен дури идната учебна година, а на матурантите им порача дека немаат право на бојкот бидејќи веќе 14.000 ученици го пријавиле полагањето на матурата.