Македонија 03. октомври 2018. / 14:15

Масовно полнење кутии во Центар Жупа: Се гласало на секои 5 секунди

Масовно полнење кутии во Центар Жупа: Се гласало на секои 5 секунди

Масовно полнење на гласачки кутии се случило во Центар Жупа.  До 18:30 часот на избирачкото место 0563 во Центар Жупа, излезноста била 21,37%, односно 187 луѓе искочиле на гласање.

Во 19 часот кога е завршено гласањето вкупниот број на гласачки ливчиња изнесувал 518 или 59,2% излезност. Тоа значи дека само за половина час гласале 331 гласач или на секои 5 секунди по едно гласање што е математички невозможно освен, ако не станува збор за полнење кутии.