Во МВР се проверуваат дипломите на вработените, и оние за средно образование, меѓутоа и дипломите за завршено високо образование. Портпаролот на МВР Тони Ангеловски за „Независен весник“ изјави дека работат на откривање на нови случаи на вработени со фалсификувани дипломи, сомневања суеште има, и затоа е спроведена проверка.
Ангелковски исто така најави дека наскоро, по завршувањето на постапката, ќе бидат обелоденети новите детали.
„Не можеме да изнесеме детали за нешто што е во постапка, се работи на откривањето на нови случаи за кои има сомнение дека имаат фалсификувани дипломи“ рече Ангеловски.
Министерот Оливер Спасовски во јавноста излезе со информација дека во министерството биле откриени дури 40 вработени кои имале фалсификувани дипломи за завршено бисоко образование. Токму фалсификуваните документи им послужиле да стигнат до значајна функција во МВР. По откривањето добиле отказни решенија, но и кривични пријави. Освен тие кривични пријави биле поднесени и до факултетите кои ги издале тие дипломи. Обелоденети случаи со фалсификувани дипломи има многу. Во јавноста запаметен е оној од пред две години со двајца раководни полициски службеници кои со „употреба на исправа со невистинита содржина“ успеле да станат професори со диплома.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Н. (45) од Куманово, началник на Одделение за криминалистичко разузнавачка анализа при СВР Куманово, против Т.П. (40) од Куманово, началник на Отсек за прикриени човечки извори на информации при СВР Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „поттикнување“, „употреба на исправа со невистинита содржина“ и продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и З.К. (50) од Скопје, референт за студентски прашања на универзитетот „Свети Климент Охридски“ поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба“ во врска со продолжено кривично дело „фалсификување исправа“.