Меѓународната судија Маргарита Цаца Николовска смета дека не му личи на вицепремиер за борба против корупција да објавува вести за запленет путер, откако Љупчо Николовски синоќа прв информираше дека акцијата на Агенција за храна и ветерина.
– Како прво, не знам колку влегува ова во организиран криминал. Но, повеќе загрижува како тоа таква високо позиционирана политичка личност го информира граѓанството, вели поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права.
Од СДСМ, партијата на Николовски, велат дека го разбираат хуморот на јавноста, но дека се работи за големо количество на потенцијално штетна храна.
– Тоа го разбираме. Сепак, ако таа храна чијшто рок изминал навистина се најде на трпеза, голем број граѓани би биле изложени на труење кое може да има сериозни последици по здравјето, што секако е сериозно“, гласи коментарот на СДСМ.
Под постот на Николовски на Фејсбук се избришани повеќе од 1.000 негативни коментари.