Македонија 17. ноември 2020. / 09:46

Марешки: Двете земји да се обединат, по Борисов, Заев да биде премиер на Голема Бугарија

Марешки: Двете земји да се обединат, по Борисов, Заев да биде премиер на Голема Бугарија

Пратеникот и лидер на „ВОЛЈА“ Веселин Марешки, во програмата „Лице в лице“ на БТВ зборуваше за ставот на Бугарија за преговорите на Македонија, за членство во ЕУ и понуди двете земји да се обединат.

Борисов како повозрасен, поискусен, да си остане премиер, а Заев да дојде и да стане вицепремиер на Голема Бугарија. Борисов порано или подоцна ќе се повлече од премиер, па Заев може да стане премиер на Обединета или на Голема Бугарија, како што ќе решиме да ја наречеме., предложи заменикот на претседателот на Народното собрание на Бугарија, Веселин Марешки.

 

Според неко двете земји треба да се обединат од двете страни на, како што вели барикадите.

Нашите бугарски сонародници од другата страна на границата со тој акт ќе станат членови на Европската унија и на НАТО. Сè ќе се врати во нормала. Нема да има спорови, вели Марешки, кој е претседател на партијата Волја, коалициски партнер на владејачката ГЕРБ на Борисов.

Марешки во интервјуто додаде дека во среда подготвуваат декларација што сакаат да ја прочитаат во името на бугарскиот парламент како подадена рака.

Да, сега тоа сигурно изгледа можеби не многу реалистично, но под претпоставка дека луѓето го посакуваат, нереалистично изгледаше и обединета Европа, нереалистично изгледаше и да сме членки на НАТО, но сега сме членки и на едното и на другото. Мислам дека тоа е еден правилен пат. Тој е добар за Бугарите од двете страни на границата. Сметам дека треба да го избереме тој пат, рече Марешки за националната бугарска ТВ.